Ердоган го тестираше првиот турски автомобил TOGG

218

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изврши пробно возење на најновиот прототип на првиот турски автомобил TOGG, јавува Анадолија.

„Се надеваме дека ќе имаме официјално отворање на фабриката TOGG во Гемлик на 29 октомври“, рече Ердоган.

Тој напомена дека автомобилот TOGG ќе биде на патиштата во Турција веќе во првиот квартал на 2023 година.

„Ќе го направиме турскиот автомобил достапен за нашиот народ и за остатокот од светот, и покрај оние кои велат: „Не можете да го направите тоа, не можете да го произведувате“, додаде Ердоган.

Раководството на групацијата TOGG, основана во 2018 година, го претстави првиот прототип на електрично возило во земјата во декември 2019 година.

TOGG има за цел да произведе еден милион возила во пет различни категории до 2030 година.

Во јануари, првиот турски автомобил TOGG беше изложен на најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот CES 2022 во Лас Вегас.

Раководството на TOGG објави дека концептот на првиот автохтон турски автомобил е лансиран за да се создаде глобален бренд чија интелектуална и индустриска сопственост припаѓа на 100 отсто од Турција.

Во октомври 2021 година, TOGG објави дека сите аеродинамички и аероакустични тестирања на автомобилот се завршени.