Ердоган: Каматата ги прави богатите побогати, а сиромашните уште посиромашни

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека каматата ги прави богатите побогати, а сиромашните уште посиромашни, и порача дека ќе ја скрши таа машина, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Борбата што ја водиме е борба нашата визија за 2053 година да ја довериме на нашите млади луѓе, кои сакаат да ги направат манкурти (робови), одвоени од своите вредности и минато.“

Турскиот претседател уште еднаш нагласи дека ќе продолжи да се бори против високите каматни стапки и порача:

„Каматата ги прави богатите побогати, а сиромашните уште посиромашни. Каматата е причина, инфлацијата е последица. Ќе ја скршиме таа машина, а нацијата ќе ја доведеме до примарните цели.“