Ердоган: Каматите нема да растат, инвестициите не доаѓаат кога се високи

34

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека каматните стапки во таа земја ќе се намалуваат сè додека тој е на власт и ги повика инвеститорите да ги искористат придобивките од евтиното задолжување.

Министерот за финансии Нуредин Небати го поддржа неговото противење на зголемувањето на каматните стапки. Тој посочи дека Владата го отфрла економскиот модел кој подразбира дека инфлацијата се ублажува со зголемување на каматните стапки.

Ердоган претходно и предложи на Централната банка да ги намали каматите и, според турските медиуми, се очекува нивната сума да биде едноцифрена до крајот на оваа година. Каматната стапка е намалена на 12 отсто во последните два месеци.

Ердоган се противи на зголемувањето на каматите, бидејќи смета дека тие „го прават богатите побогати, а сиромашните посиромашни“. За него тие се „најголемиот непријател“ и „мајката на сите зла“. За разлика од повеќето економисти, тој смета дека пониските каматни стапки резултираат со пониска стапка на инфлација, пишува Daily Sabah.

Инфлацијата во Турција е 83 отсто и е највисока во последните 24 години.