Ердоган нареди истрага за можна манипулација со валутата

105

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган нареди истрага за можна манипулација со домашната валута, откако лирата неделава нагло падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот, јавува Анадолу.

Ердоган го задолжи Државниот надзорен совет, агенцијата за ревизија која поднесува извештаи на Претседателството, да ги идентификува институциите кои купиле големи количества девизи и да утврди дали дошло до некаква манипулација.

Лирата неделава падна на рекордно ниско ниво откако Ердоган вети дека ќе се држи до политиката на ублажување на каматните стапки.

Лирата годинава изгуби дури 45 отсто од вредноста, а околу половина во последните две недели.