Ердоган не е импресиониран од новиот iPhone

22

iphone6

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не е импресиониран од најновите модели на Apple, iPhone 6 и 6 Plus, за кои изјави дека не се многу поразлични од постарите модели.

Без да ги именува Apple или iPhone, Ердоган во говорот што го одржа во Турската организација на извозници во Истанбул, при промоцијата на новото извозно лого, рече: “Бренд лансираше два нови модели на паметни телефони и луѓето чекаа цела ноќ во ред за да ги купат, и покрај тоа што брендот секоја година лансира нови модели. Да ви кажам, нема голема разлика меѓу моделите”, пишува турскиот весник Заман.

Apple новите модели во Турција во продажба ги пушти во петокот утрото, а луѓето чекаа во долги редови во четвртокот ноќта за да ги купат.