Ердоган не се откажува од намалувањето на каматните стапки

47

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика централната банка да продолжи да ја намалува нејзината главна каматна стапка на под 10 отсто до крајот на годината, пркосејќи им на инвеститорите и економистите кои велат дека се потребни зголемувања на каматните стапки за да се скроти инфлацијата која дивее и е над 80%.

„Каматната стапка е намалена на 12 отсто“, рече Ердоган во интервју во живо за телевизијата CNNTurk.

„Од сега нема раст, ќе продолжи да паѓа. Тоа ќе ја намали и инфлацијата“, додаде турскиот претседател, пренесе Блумберг. Ердоган рече дека се надева оти монетарните власти ќе направат дополнителни намалувања на референтната каматна стапка во октомври.