Ердоган: Турција е подготвена повторно да извезува жито

49

Турција е подготвена повторно да извезува житарки како пченица, овес и јачмен од Црното Море во земјите на кои им е потребно, по разговорите со Русија и Украина, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган, најави дека во наредните денови ќе разговара за ова прашање со двете земји, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека неговиот кабинет работи со Киев и Москва на организирање разговори со претседателите на Украина и Русија и посочи дека 20 турски бродови се подготвени да учествуваат во потенцијалниот транспорт на жито.

Украина е еден од најголемите светски добавувачи на жито, но испораките се запрени откако Русија започна воена акција, што предизвика глобален недостиг на храна.
Обединетите нации ги повикаа двете страни, вклучително и Турција, да се договорат за формирање на коридорот.