Ердоган „удри“ на ЕУ: „Жнеат тоа што посеаја“ со воведување санкции кон Русија

78

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини санкциите што европските земји кон Русија ги воведоа за енергетската криза во Европа.

Тој додаде дека европските земји „го жнеат тоа што го посеале“ со воведување економски ограничувања на Русија, пишува Франс прес.

„Односот на Европа кон господинот Путин и санкциите што ги воведе го доведоа г-дин Путин, намерно или не, до точка каде што рече: „Ако го направите ова, јас ќе го направам ова“, рече Ердоган.

„Тој користи се што има на располагање, вклучително, за жал, и природниот гас“, истакна турскиот шеф на држава.

Да потсетиме, портпаролот на Путин вчера изјави дека „санкциите наметнати на нашата земја“ се виновни за прекинот на испораката на гас во Европа преку гасоводот Северен тек 1.