Ердоган во еден град за еден ден отвори 46 фабрики

531

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во градот Ескишехир отвори 46 нови фабрики.
Во индустриската зона на турскиот град Ескишехир се одржа свеченото отворање на 46 нови фабрики, меѓу кои е и фабриката за бела техника HAIER.

За време на своето обраќање, Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да биде стабилна и безбедна земја за инвестиции, пренесува агенцијата Анадолија.
„Секој што инвестира во Турција ќе продолжи да остварува профит“, рече Ердоган.

Тој им се обрати и на оние кои очекуваат и се надеваат дека Турција ќе се сопне. „Им порачувам на оние кои се надеваат и чекаат да се сопне нашата земја, не се возбудувајте премногу, никој нема моќ да ја наруши климата на стабилност и доверба во оваа земја“, рече Ердоган.