Ердоган: Во извозот рушиме рекорд по рекорд

58

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција, благодарение на преземените мерки и практиката што е спроведена, достигна највисока стапка на раст во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган престојуваше во посета на турскиот град Киршехир и имаше свое обраќање за време на средбата со бизнисмените од тој град. Тој говореше за предизвиците со кои се има соочено турската економија, но и за успесите.

“Во извозот рушиме рекорд по рекорд. Нашите инвеститори имаат потешкотии во пронаоѓањето машини за зголемување на производството, во набавка на суровини и проширување на своите логистички канали“, рече Ердоган.