Ericsson го презема Vonage за 6,2 милијарди долари

74

Шведскиот производител за телекомуникациска опрема Ericsson објави во понеделникот дека договорил купување на американската компанија Vonage за комуникации во облачната сфера за 6,2 милијарди долари.

Компанијата Vonage произведува интерфејс за програмирање апликации (API) кој овозможува комуникација на софтверите на различни производители, а е активна во секторите како што се здравството, финансиите, образованието и транспортот.

Шведската компанија ќе плати за преземањето на Vonage 21 долар по акција, што според расположливите податоци одговара на цената од 6,2 милијарди долари.

Договорот спаѓа меѓу најголемите во целата историја на Ericsson, а се надоврзува на минатогодишното купување на Cradlepoint за 1,1 милијарда долари кој му обезбеди пристап до алатките за поврзување на иредите на интернет преку мобилните мрежи 4G или 5G.