Ericsson и Cisco договорија стратешко партнерство за лидерска позиција во ИТ индустријата

22

3

Шведскиот произведувач на мобилна опрема Ericsson и американската компанија Cisco Systems објавија во понеделникот дека договориле деловна и технолошка соработка од која очекуваат од 2018 година да им генерира приход од по една милијарда долари.

“Стратешкото партнерство ќе биде главен двигател на растот и вредностите во следните десет години. Приходите на двете компании постепено ќе се зголемат во календарската 2016, а до 2018 треба да достигнат или дури да надминат милијарда долари”, стои во соопштението на Ericsson.
Ericsson и Cisco заедно ќе нудат опрема за мрежи, уреди за насочување на податоци, дата центри, вмрежување, cloud, мобилност, управување и контрола, капацитети за пружање услуги на глобално ниво.

Ericsson и Cisco се силни и комплементарни партнери, со преку 56.000 патенти, 11 милијарди долари инвестиции за истражување и развој и повеќе од 76.000 професионалци кои опслужуваат клиенти во повеќе од 180 земји.