„Ericsson“ и МИТ склучија договори за истражување на следната генерација мобилни мрежи

42

Влегувајќи во нова ера на електроника која овозможува 5G, и во догледна иднина 6G, МИТ и „Ericsson“ соработуваат на два истражувачки проекти за да помогнат во изградбата на новата мрежна инфраструктура потребна за да се овозможат револуционерни кориснички случаи, базирани на следната генерација мобилни мрежи.

Новите генерации мобилни мрежи им носат на корисниците високи стапки на пренос на податоци, мало доцнење и извонредна сигурност. Без оглед на нивната големина, мрежите богати со карактеристики за операторите се сложени за управување. „Ericsson“ истражува когнитивни мрежи кои се потпираат на вештачка интелигенција за да овозможат безбедни, високо автоматизирани мрежи управувани со податоци.

За да се подобрат капацитетот за обработка на податоци, брзината и енергетската ефикасност на когнитивните мрежи, Ericsson Research и MIT Materials Research Laboratory соработуваат за истражување на нов дизајн на литиумски чипови што овозможува невроморфна обработка на податоци што овозможува поефикасно енергетско процесирање преку вештачка интелигенција. Ова може да овозможи целосно когнитивни мрежи со намалена оперативна сложеност и потрошувачка на енергија во споредба со денес.

Покрај истражувањата за литиум, Ericsson и MIT Research Laboratory of Electronics (RLE) соработуваат за истражување на мобилни мрежи кои поврзуваат милијарди сензори и други уреди со „нулта енергија“ околу нас. Носењето енергија на овие уреди на економичен начин, можеби директно преку радио сигнал, е значаен технолошки предизвик. Истражувањето на Ericsson и MIT RLE може да покаже како уредите можат да земат енергија од радио сигнали и други извори, и како системите можат да бидат дизајнирани да ја користат таа ниска енергија за извршување едноставни задачи, вклучително и дизајнирање мобилни мрежи за поврзување и контрола на тие уреди.

„Со новиот скок напред на енергетски ефикасни поврзани уреди, ние сме многу задоволни што работиме со Ericsson за решавање на клучните технолошки предизвици“, вели Ананта П. Чандракасан, декан на Факултетот за инженерство на МИТ.

„Со комбинирање на нашето знаење и искуството на Ericsson во мобилната технологија, сакаме да развиеме хардвер што ќе овозможи возбудливи нови апликации што користат вештачка интелигенција и ќе направат значителен напредок во следната генерација мобилни мрежи.

„5G води кон целосна реализација на Интернет на нештата (ИоТ), приближувајќи не до вистински поврзан свет“, рече Магнус Фродиг, шеф на Ericsson Research..

„Огромните количини на мали IoT уреди и когнитивни мрежи напојувани од вештачка интелигенција се двата двигатели на следниот скок напред. Во соработка со брилијантните тимови на МИТ, се надеваме дека ќе развиеме хардвер што ќе го овозможи ова“.