Ериксон ги суспендира сите деловни активности во Русија, најавено и колку ќе чини потегот

58

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон утринава објави дека ги суспендира сите деловни активности во Русија, проценувајќи ја цената на потегот на 95 милиони долари.

„Со оглед на неодамнешните настани и санкциите на Европската унија, компанијата го суспендира бизнисот со клиентите во Русија на неодредено време“, се вели во соопштението.

Компанијата ќе издвои 900 милиони шведски круни (95 милиони долари) во првиот квартал за оштетување и други вонредни трошоци поврзани со овој потег.

Ериксон ги паузираше испораките до клиентите во Русија во февруари, забележува Ројтерс.