Ериксон гради 5G мрежа на Гренланд

153

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон потпиша договор за изградба на мобилна 5G мрежа на Гренланд, која првично ќе покрива три града, објави во петокот гренландската телекомуникациска компанија Tusass.
Благодарение на опремата Ericsson и Netgear рутерите, Tusass ќе обезбеди брз безжичен интернет на ретко населен остров без скапи кабли кои тешко се инсталираат.

Во следната фаза, мрежата ќе се прошири од три на 10 градови, вклучувајќи го и главниот град Нук.

Tusass рече дека планира да инвестира околу 1 милијарда дански круни (131,3 милиони долари) за воспоставување и проширување на инфраструктурата на Гренланд и подобрување на комуникациите.

Гренланд има само 56.000 жители и е дел од Кралството Данска, но има широка автономија, забележува Ројтерс.