Ерсте Груп откупи државни хартии од вредност на Шпаркасе во Македонија

24

The logo of Austrian Erste Group Bank is pictured outside their headquarters in Vienna Ерсте Груп Банка АГ Виена купи државни хартии од вредност во висина од 10 милиони евра. Купопродажната трансакција била склучена на секундарниот пазар меѓу Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и Ерсте Груп Банка АГ Виена, односно била извршена препродажба на хартиите од вредност на Шпаркасе кои ги имаше купено од Македонија.
Интересот на купување на државни хартии од вредност издадени од домашниот пазар од страната на странските инвеститори јасно укажува на зголемената доверба и угледот кој Република Македонија го ужива во меѓународното окружување и меѓу странските инвеститори. Побарувачката на домашни државни хартии од вредност од страна на странските инвеститори на пазарот на капитал е доказ за стабилноста на македонската економија.
Пред два месеци и кредитната агенција Фич го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, на ББ+ стабилен, водејќи се од економскиот раст и проекциите за раст во иднина, но и ниското ниво на јавен долг.
Нискиот јавен долг и економскиот раст на Македонија беше нотиран и од Светската Банка и ММФ.