Фото: NIO
Кинескиот старт – ап, што се занимава со производство на електрични автомобили NIO, го пушти во продажба својот прв модел. Моделот ES8 со едно полнење на батеријата може да помине 500 километри. Автомобилот чини 67.765 долари што е половина од почетната цена на моделот X на Tesla којшто чини 126.470 долари. Цената е најголема компаративна предност на кинескиот електричен автомобил со оглед на цените на конкуренцијата, пишува Cnbc.
“Тешко е да се претпостави како тоа ќе влијае на продажбата на Tesla во Кина. Можеби Тesla ќе продаде помалку откако нашиот производ на пазарот. Ние имаме многу клиенти што ни се обратија од Tesla и многумина кои би купиле автомобили од двете компании“, вели основачот и претседател на NIO, Вилијам Ли.
NIO е еден од ретките кинески стартапи создадени откако владата даде субвенции за производство на автомобили коишто ќе користат алтернативни погони со цел да се намали зависноста од нафта. Во ES8 може да се возат седум лица, а за 4,4 секунди достигнува брзина од 100 километри на час. Сопствениците на автомобили ќе можат да ги напојуваат своите возила со замена на батериите на посебни станици, а овој процес треба да трае три минути.
Покрај тоа, автомобилот е опремен со систем за вештачка интелигенција наречен NOMI, којшто ги регулира различните функции, од контрола на температурата на автомобилот, фотографија и комуникација со возачот. NIO планира да изгради повеќе од 1.100 станици за замена на батерии во Кина до 2020 година.