Escape Vista – еколошка куќа на тркала

44

escape vista

Американската компанија Escape Vista изработува мобилни куќи од природни материјали.

“Vista  е одлична за бегство во приватен простор што е одличен за живот и е директно поврзан со природата. Vista е совршена куќа за гости, фантастична за AirBnB или за изнајмување, одлична за викенд одмори на плажа или планина и создадена како посебен простор да се избегне стресот што го напаѓа секојдневниот живот“, стои на официјалната страница на Escape Vista.

escape vista vnatre

Овие куќи на тркала се долги 7,6, широки 2,5 метри, а висината им е околу три метри.

escape vista kujna

Една Vista куќа може да се изгради за 30 до 60 дена и чини 46.600 долари, од компанијата нуди две години гаранција.  Од Vista Escape нудат и XL варијанта на куќа со поголема бања.

escape vista 2

Во овие мобилни куќи ги има сите потребни услови за живот. Потребно е само да се закачи на возило и да се однесе на посакуваната дестинација.

escape vista 1

escape vista 3

 

escape vista 4