ЕСМ: Набавени се 3.940 mwh електрична енергија за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија

75

АД ЕСМ на 02.12.2022 година произведе 12.773 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 7.690 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.083 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.940 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.