ЕСМ продаде вкупно 1.980 МWh електрична енергија како ноќни вишоци

28

Неколку дена по ред во јануари ЕСМ произведува и продава ноќни вишоци на електрична енергија. За периодот од 12 до17 јануари 2023 година продадени се вкупно 1.980 МWh електрична енергија како ноќни вишоци во јавна и транспарентна постапка од ЕСМ.

Енергетскиот биланс за 17 јануари 2023 покажува дека вкупното производство на електрична енергија изнесува 17.752 MWh, од кои 13.801 МWh се од термоелектраните, додека 3.951 МWh се од обновливи извори. Продадени се и ноќни вишоци на електрична енергија од 330 MWh. Со овие количини целосно се задоволени потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи, информира соработникот за енергетика на Владата, Виктор Андонов.