„ЕСМ Продажба“ објави повик за снабдување со природен гас на топланите и другите потрошувачи во државата

54

„ЕСМ Продажба“ објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количества на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и за останатите потрошувачи на природен гас во државата, пред се поголемите производствени и услужни капацитети.

– Со оглед на тоа што на претходно распишаниот повик од АД ЕСМ имаше понуди кои не беа верификувани, а досегашниот испорачател „Промгас – Макпетрол“, со кој досега имавме договор не достави понуда, од страна на „ЕСМ Продажба“ е распишан нов повик, информираат од АД ЕСМ.

Како што нагласуваат, повикот ќе биде од отворен карактер и во однос на количините и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите, за периодот 1 јануари до 30 април 2023 година.

„Макпетрол“ вчера соопшти дека од 1 јануари нема да увезува и да испорачува природен гас до своите потрошувачи.