ЕСМ: Заврши ремонтот на „Шпилје“, генераторот 2 повторно во погон

Во хидроелектраната „Шпилје“ заврши капиталниот ремонт на генератор 2. По двомесечни теренски активности на колегите од Службата за електромашинско одржување од ХЕС „Црн Дрим“, агрегатот повторно е ставен во погон и хидроелектраната е комплетно на располагање на електроенергетскиот систем, соопштија од ЕСМ.

„Зафатот е реализиран во согласност со предвидените планови за тековно и за инвестициско одржување на опремата. Капиталниот ремонт е една од позначајните сервисни активности и значи продолжување на работниот век, зголемување на сигурноста и стабилноста на „Шпилје“ и на хидроенергетскиот систем „Црн Дрим“ – велат од ЕСМ.