
Угостителските услуги и прехранбените продукти бележат зголемување на цените по завршувањето на владините мерки. Овие цени не ја пресликуваат вистинската финансиска ситуација на граѓаните, особено на работниците.
„Повеќето од нив не можат да си дозволат да се напијат кафе на плоштад зашто е енормно скапо“, смета претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство занаетчиство и заштитните друштва на Македонија (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски.
Според него, апсолутно е нелогично едно еспресо да чини 150 денари. „За жал, да, зголемени се цените на прехранбените производи, кафето и другите усгосителски услуги. Сведоци сме дека во последниот период, по завршувањето на мерките што ги донесе Владата има покачување на цените.“
Како доказ за ова се посочува и Државниот завод за статистика, кој неодамна објави податоци за инфлацијата во периодот мај – април. “Видовме дека покачувањето е околу 3,3 отсто. Тоа е повеќе од доказ за она шти ние самите, граѓаните и работниците, го гледаме во продавниците и по пазарите, дека навистина има зголемување на цените.”
Исто така, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена по завршувањето на мерките за замрзнување на цените на производите. “Сметам дека цените не ја одразуваат ралната економска состојба со која нашите граѓани, работниците би можеле да си дозволат да се напијат кафе на плоштад. Според мене е енормно скапо”, изјави Кашиковски по потпишувањето на Меморандумот за соработка со партнерите од Италија, Бугарија и Малта.
Одговарајќи на новинарски прашања, Кашиковски истакна дека поради ниските плати во угостителството и туризмот, работниците од овие сектори заминуваат во соседните земји или во државите членки на ЕУ.
„За жал, нашите социјални партнери, работодавачите, постојано алармираат на недостатокот на кадар во секторите угостителство и туризам. Според нас, причината за тоа се ниските плати што ги земаат работниците во овие два сектора. Гледаме нивно секојдневно заминување во еврпските и околните земји каде имаат повисоки плати. Својата егзистенција овие работници ја наоаѓаат или во соседството или во земјите од ЕУ како Хрватска и Словенија“, подвлече претседателот на СУТКОЗ.
Синдикалниот претставник од Бугарија Јордан Јорданов, носител на проектот за чие завршување беше потпишан Меморандумот за соработка, соопшти дека на плоштадот во Софија еспресо чини две евра. „Како што рече, за две евра во ценаторот на главниот град може да се напиете добро кафе“, пренесува МИА.











