Estream е првата мобилна минијатурна централа за производство на електрична енергија, доволна за полнење мобилни уреди, на американскиот старт – ап Energynomad.
Овој уред успева да ја трансформира проточната вода во енергија, што е доволна за полнење на мобилни уреди преку USB.
Estream, како генератор произведува струја од 2,5 до пет вати. Штом се постави во вода, по секаков вид на движење на водата, се вртат турбините. Движењето на турбините му овозможуваат на генераторот да акумулира енергија.
Потребни се 4,5 часа за целосно да се наполни батеријата, а со нејзиниот капацитет може да се наполнат три мобилни телефони и таблети дури два пати побрзо од вообичаениот начин на полнење.
Овој проект бара финансиска поддршка од 80.000 долари на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter.