Ethereum би можел да достигне 8.000 долари, според Goldman Sachs

21

ЕТН, криптовалутата на мрежата Ethereum, може да скокне за 80% на 8.000 долари во следните два месеци доколку продолжи да ги следи очекувањата за инфлацијата, според Goldman Sachs.

Управниот директор на глобалните пазари на Goldman, Бернхард Жимелка, минатата недела забележа дека крипто-средствата внимателно ја следат инфлацијата во последните неколку години.

Жимелка го спореди индексот Bloomberg Galaxy Crypto со пазарна мерка за инфлациските очекувања и откри силна корелација.

Тој рече дека Ethereum (ETH) особено внимателно ги следи инфлациските трендови. Стратегот додаде дека токенот е процикличен – односно, има тенденција да расте кога економијата оди подобро.

„Имајќи предвид дека очекувањата за инфлација драстично се зголемија неодамна, ЕТН, исто така, може да скокне“, рече Жимелка.

Ethereum се приближува до нивото на психолошки отпор од 5.000 долари и се тргува за нешто повеќе од 4.600 долари во моментот на објавување.

Сепак, од Goldman предупредуваат дека централните банки веројатно нема да дозволат инфлацијата да продолжи нагло да расте. Ако Ethereum продолжи да ги следи инфлациските очекувања, тогаш најверојатно ќе се зголеми, проследено со „долгорочен пазарен врв“.

JPMorgan, исто така, неодамна забележа знаци дека инфлацијата ги придвижува крипто-пазарите, забележувајќи дека се чини дека инвеститорите претпочитаат да го држат Bitcoin наместо златото како заштита од остриот пораст на цените.

Сепак, многу институционални инвеститори се многу скептични за овој аргумент и велат дека криптовалутите како Bitcoin (BTC) и Ethereum (ETH) се премногу нестабилни за да бидат вклучени во финансиските портфолија.