Etihad Airways ќе инвестира и во Монтенегро ерлајнс?

59

montnegroairlinesEtihad Airways е заинтересиран за соработка со Монтенегро ерлајнс, соопштија од Абу Даби при посетата на црногорскиот шеф на дипломатијата Игор Лукшиќ во Обединетите Арапски Емирати.

Лукшиќ при посетата на ОАЕ разговарал со претседателот на Etihad Airways, Џејмс Хоган, за можност за соработка меѓу двете компании.

“Претседателот на Etihad покажа интерес за соработка. Во тој контекст одржани се работни состаноци на оперативно ниво и договорени се конкретни чекори за понатамошна комуникација и посети на тимот на Etihad во Црна Гора за да се дефинира моделот на соработка и партнество помеѓу двете компании “, стои во соопштението, пренесува Вијести.

Минатата година, Владата на Србија потпиша долгорочен договор за стратешко партнерство со Etihad Airways и најави план за опоравување на Air Serbia во вредност од 200 милиони долари. Etihad Airways е сопственик на 49% акции на Air Serbiа, додека српската влада поседува 51%.