Etihad Airways – најдобра авиокомпанија седма година по ред

22

A380_Etihad_Airways_delivery_eventАвиокомпанијата Etihad Airways е прогласена за најдобра во светот седма година по ред, пишува Zawya.

На настанот што неодамна се одржа во Мароко, авиокомпанијата со седиште во Абу Даби, се закити со неколку признанија меѓу кои Најдобра прва класа во светот, Најдобра забава за време на лет, Најдобар персонал.

Etihad Airways е позната и по тоа што ги воведе и луксузните авиони Airbus A380 и Boeing 787 Dreamliner коишто нудат единствено доживување во облаците со своите иновативни и прилагодени кабини, нови производи и услуги.

Овој месец авиокомпанијата ја доби и престижната награда ATW “Авикомпанија за 2016” која што се смета за најголемо признание во оваа индустрија.