ЕЦБ е подготвена за побрзо печатење на пари

36

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека е подготвена да го забрза печатењето на пари за да ги задржи трошоците за позајмување во еврозоната.

Загрижена дека зголемувањето на приходите од обврзниците може да го уништи закрепнувањето во 19-те земји од еврозоната, ЕЦБ соопшти дека ќе ги искористи средствата од Програмата за итни набавки во време на пандемија (ПЕПП) во следните месеци со цел да стопира неоправдано зголемување на долговите.

Многу очекуваниот потег на ЕЦБ е сличен на потег на американските Федерални резерви.

Растот во еврозоната во моментов е помал отколку што се предвидуваше, бидејќи новиот бран на пандемијата со Ковид-19 и бавната дистрибуција на вакцини го забавија заздравувањето на економијата, што беше предвидена за оваа пролет.

“Иако се очекува целокупната економска состојба да се подобри во 2021 година, останува неизвесноста за краткорочните економски изгледи, особено динамиката на пандемијата и брзината на имунизацијата“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Фото: Pixabay