ЕЦБ: Каматните стапки нема да се зголемат

31

Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи да не менува ништо во сегашната монетарна политика.

ЕЦБ се обврза на купување на обврзници во износ од 1,85 трилиони евра (2,2 трилиони долари) до март 2022 година, како дел од својата Програмата за итни набавки во време на пандемија (ПЕПП), а членовите на Управниот одбор на банката гласаа овие стимулации и понатаму да “останат на маса“, пренесува CNBC.

Каматните стапки, исто така, останаа непроменети. Основните каматни стапка на рефинансирање, кредитно и депозитно работење останаа непроменети на 0%, 0,25% и -0,5%, соодветно.

Фото: Pixabay