ЕЦБ ќе пушти илјада милијарди евра во евро зоната

ecb

Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за реализирање на програма со која во евро зоната ќе се вбрзигаат една илјада милијарди евра, преку откуп на државни обврзници, пишува Ројтерс.

Оваа програма се очекува да се спроведе од март оваа година до септември следната година. ЕЦБ секој месец ќе откупува државни и корпоративни обврзници, во износ од околу 60 милијарди евра, сè додека не се забележи намалување на дефлациските притисоци.

Одлуката на претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, наиде и на остри реакции од моќната германската централна банка и нејзиниот гувернер Јенс Вајдман.

Централната монетарна институција на евро зоната се одлучи на ваков чекор со образложение дека ниту рекордно ниското ниво на клучните каматни стапки, ниту мерките за поттикнување на ликвидноста, ниту досегашните програми за купување имот не дале значителни резултати во поттикнување на инфлацијата и економски раст во земјите чија заедничка валута е еврото.