ЕЦБ лансира „прототип“ на својата дигитална валута во 2023 година

103

Европската централна банка (ЕЦБ) се очекува да објави „прототип“ на дигиталната валута на централната банка (CBDC) следната година. Ова го соопшти гувернерот на француската централна банка Франсоа Вилроа де Гало за време на Светскиот економски форум во Давос.

„Ќе имаме прототип во ЕЦБ до крајот на 2023 година“, рече тој, цитиран од БНР.

Сепак, Франсоа де Гало нагласи дека постои голема претпазливост околу концептот на издавање CBDC – дигитални валути на централните банки.

Коментарите го одразуваат заклучокот од самитот на гувернерите на централните банки во Цирих минатата недела. Тие се должат на фактот дека 90% од централните банки во светот известуваат дека или го развиваат или го проучуваат концептот на CBDC (Централна банкарска дигитална валута).

Криптовалутите и блокчејн технологијата се во фокусот на дебатата во Давос оваа недела. Сепак, постои значителен скептицизам меѓу присутните за многу аспекти на дигиталните средства – особено затоа што во последниве недели имаше голем пад на вредноста на дигиталните средства како што е биткоинот, a „стабилните пари“ (stablecoins) како Luna и Terra се срушија.

„Некои стабилни пари го заслужуваат своето име, но има и други кои не го заслужуваат тоа“, рече гувернерката на ММФ, Кристалина Георгиева.

Сепак, таа коментира дека идејата за дигитални валути на централните банки се движи толку брзо што ММФ мора да ја „прегрне“.