ЕЦБ не очекува стагфлација во еврозоната

109

Европската централна банка (ЕЦБ) не очекува војната во Украина да ја турне еврозоната во стагфлација, дури и ако инфлацијата се зголеми поради високите цени на енергијата и забавувањето на растот, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

„Податоците што ги добиваме не укажуваат на ризик од стагфлација“, рече Лагард во интервју за кипарскиот весник Filelefteros, што ЕЦБ го објави на својата веб-страница, пренесува Ројтерс.

Лагард рече дека растот во еврозоната во полошо сценарио за оваа година би можел да биде дури 2,3 отсто, а инфлацијата во 2024 година се очекува да биде околу два отсто.