ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната

31

Европска централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната.

Според дефиницијата на ЕЦБ, стагфлацијата се јавува кога очекувањата за инфлација ја надминуваат целта на ЕЦБ од два отсто, додека економијата стагнира или се намалува и двата услови да бидат во траење од најмалку две години.

ЕЦБ прогнозира реален раст на бруто домашниот производ (БДП) над два отсто, а само тројца експерти очекуваат раст под еден процент.

Во исто време, повеќето експерти очекуваат инфлацијата да се намали под два 2 отсто во втората половина на 2023 година.