ЕЦБ планира да воведе дигитално евро

72

Европската централна банка (ЕЦБ) размислува за воведување дигитално евро и планира да ја тестира идејата преку пилот проект што започнува на средината на овој месец.

“Европејците сè повеќе се насочуваат кон дигитално трошење, штедење и инвестирање. Нашата задача е да обезбедиме доверба во парите. Тоа значи да се провери дали еврото одговара за дигиталното време. Мора да бидеме спремни да издадеме евро, ако има потреба за тоа“, објави Кристин Лагард, претседателка на ЕЦБ.

Дигиталното евро би било слично на биткоинот, но за разлика од другите крипто валути, тоа ќе биде под надзор на централната банка.

Овој вид на валута ќе им биде достапна на сите граѓани и компании во рамки на еврозоната, ќе наликува на банкнота, но во дигитална форма.

Фото: Pexels