ЕУ бара дополнителни испораки на гас од Нигерија

76

Европската унија бара дополнителни испораки на природен гас (ЛНГ) од Нигерија како подготовка за можното намалување на испораките на руски гас, изјави денеска Метју Болдвин, заменик генерален директор на Одделот за енергетика на Европската комисија.

Изјавата на Болдвин беше дадена во Нигерија, каде што престојуваше оваа недела и одржа серија состаноци со претставници на таа земја, најголемиот производител на нафта во Африка, пренесе Ројтерс.

На официјален претставник на ЕУ му беше кажано дека Нигерија ја подобрува безбедноста во делтата на Нигер и дека планира повторно да го отвори гасоводот „Trans-Niger“ по август, што ќе овозможи поголем извоз на гас во Европа.