ЕУ целосно ќе забрани употреба на пестициди што влијаат лошо врз пчелите

20

Фото: Pexels

Поради сериозната опасност што ја претставуваат за пчелите,Европската унија ќе ги забрани најшироко користените инсектициди во рок од шест месеци, пренесува The Guardian.

Сите земји-членки на Европската унија ја одобрија целосната забрана за неоникотиноиди, најшироко користени инсектициди во светот. Забраната се очекува да стапи на сила до крајот на оваа година, иако употребата на инсектицидот и натаму ќе биде дозволена во оранжериите.

Пчелите се од витално значење за глобалното производство на храна, бидејќи тие опрашуваат три четвртини од сите агро-култури.

Неоникотиноидите, кошто се нервни агенси, меѓу другото ја оштетуваат меморијата на пчелите и го намалуваат бројот на пчели-матици.

Забраната за пестицидите има широка јавна поддршка, а речиси пет милиони луѓе потпишаа петиција од кампањата Avaaz.