ЕУ дава 166 милиони евра за гасниот терминал Александрополис

37

Европската комисија издвои 166,7 милиони евра, за изградба на гасниот терминал Александрополис во Грција во чиј склоп е и гасна централа за производство на електрична енергија.

Очекувањата се дека до 2023 година овој гасен терминал, како и гасната станица да бидат пуштени во употреба.

Во изградбата на гасниот терминал учество зема и Македонија којашто треба да вложи 380 милиони евра.

Терминалот според планот ќе ги снабдува земјите од Југоисточна Европа со природен гас.

Фото: Pixabay