ЕУ додели грант од 137,9 милиони евра за железничката пруга што ја поврзува Тирана со Подгорица

195

Европската унија, во рамките на економскиот план и вложувања во Западен Балкан, со 137,9 милиони евра ќе ги финансира работите за рехабилитација на железничката пруга што ја поврзува Тирана со Подгорица.

Веста ја соопшти делегацијата на Европската Унија во Албанија, која наведува дека оваа инвестиција во форма на грант од ЕУ ќе започне во третиот квартал на 2023 година.

Албанската влада ќе кофинансира 3,3 милиони евра, додека 62,9 милиони евра се заеми од Европската банка за обнова и развој, ЕБОР, а 62,9 милиони евра се заеми од Европската инвестициска банка(ЕИК).

Со инвестицијата во железничката пруга од општина Вора, кај Тирана, до граничниот премин ХанХоти-Божај, на албанско – црногорската граница, предвидена е рехабилитација на 120 километри железничка пруга и реконструкција на 12 железнички станици.

Со реализација на проектот ќе се обезбеди побрзо патување, со брзина до 120 километри на час и подобрување на безбедносните параметри, а се очекува да го зголеми меѓународниот железнички сообраќај за стоки и луѓе.