ЕУ договори итна испорака на 50 милиони дози од Pfizer

9

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен, објави дека со Pfizer и BioNTech е постигнат договор за испорака на 50 милиони дози во второто тримесечје и најави почеток на преговори за трет договор за набавка од 1,8 милијарди дози од тој производител за следните две години.

“Задоволство ми е да објавам дека постигнавме договор со Pfizer и BioNTech околу забрзување на испораката на 50 милиони дози, што ќе бидат испорачани во второто тримесечје, наместо во четвртото“, изјави вон дер Лејен.

Таа додала дека испораката на тие 50 милиони вакцини ќе почне овој месец. Со таа итна испорака, американско – германската вакцина ќе биде испорачана во вкупно 250 милиони дози. Тие 50 милиони дози ќе бидат распоредени на земјите членки сразмерно на бројот на жители.

Фото: Pexels