ЕУ донесе нова регулатива за поправки на електрични апарати

28

Европската Унија донесе нов закон што треба да ги олесни поправките на електричните уреди.

Од 2021 година компаниите ќе мора да ги прават своите производи подолготрајни и да обезбедат и резервни делови за машините за следните десет години.

Правилата се однесуваат на производи за осветлување, машини за перење, машини за миење на садови и фрижидери, пишува BBC.

Новиот закон е поттикнат од многуте жалби на корисниците во Европа и Северна Америка кои велат дека електричните уреди многу брзо се расипуваат.

Многу често корисникот не може сам да ја поправи машината или системот за осветлување, па мора да бара мајстори или да купува за нов уред.

Производителите ќе треба заедно со уредот да обезбедат делови од типот на дихтунзи за врати и термостати, коишто понатаму, по потреба, ќе ги искористат професионалци за поправки.

Фото: Pexels