ЕУ е решена да ги казни сите што соработуваат со Русија: Повеќе кинески компании на списокот со санкции

79

Европската унија предложи воведување нови санкции за кинески компании обвинети за продажба на опрема што може да се користи за производство на оружје и поддршка на руската воена машина, пишува Фајненшл тајмс (ФТ).

Цитирајќи податоци од копија од листата на санкционирани компании, британскиот весник пишува дека новиот пакет санкции вклучува седум кинески компании за кои ќе разговараат властите во ЕУ, пренесува Ројтерс.

ФТ објави дека на листата на санкции се две компании од континентална Кина – „3HC Semiconductors“ и „King-Pai Technology“, заедно со пет од Хонг Конг: „Sino electronics“, „Sigma technology“, „Asia Pacific links“, „Tordan industry“ и „Alfa trading investments“.
Европската комисија не одговори веднаш на барањата за коментар.
Некои компании како King-Pai веќе се на списокот со санкции на САД обвинети за снабдување на повеќе деловни субјекти од рускиот воено-индустриски комплекс.