ЕУ ги казни Infineon, Philips и Samsung со 138 милиони евра

16

chipЕвропската унија ги казни технолошките гиганти Infineon, Philips и Samsung со 138 милиони евра поради формирање на картел и договарање на цените на чиповите за паметните картички во Европа, јавува Associated Press.

Германската, данската и јужнокорејската компанија биле “во контакт преку билатералните контакти остварени во период меѓу септември 2003 и септември 2005 година“, се наведува во соопштението на Европската комисија и се додава дека јапонски Renesas добил имунитет поради откривање на тој картел.

Компанијата Infineon доби казна од 82,7 милиони евра, Samsung со 35,1 и Philips 20,1 милиони евра. На јужнокорејскиот технолошки гигант казната му е намалена за 30% поради соработка со истражните органи.