ЕУ ги казни Телефоника и Португал Телеком со 79 милиони евра

28

logo_426

Фото: Telefonica

Европската унија денес ги казни шпанска Телефоника и Португал Телеком со 79 милиони евра, затоа што постигнале согласност да не си бидат конкурентни еден на друг.

“Договорите за неконкуренција се најтешко прекршување на правилата на ЕУ за конкурентност, затоа што можат да доведат до зголемување на цените и помал избор за потрошувачите”, стои во соопштението на Европската комисија.

Најголемиот дел од казната, 66,894 милиони долари треба да го плати Телефоника, а Португал Телеком само 12,290 милиони евра.

Европскиот комесар за конкурентност, Јоакин Алмуња нагласи дека Европа нема да толерира противконкурентска практика за заштита на домашните пазари, затоа што со тоа им се наштетува на потрошувачите и се одложува пазарната интеграција.