ЕУ ги прифаќа вакциналните сертификати издадени во Македонија

92

Од утре, Европската комисија ќе го поврзе системот за дигитални сертификати на Европската унија со системите на Северна Македонија, Турција и Украина.

Ова значи дека документите на овие три земји ќе бидат прифатени во Унијата и дека европските сертификати ќе важат во трите земји.

“Европската комисија денеска донесе одлука со која се гарантира дека сертификатите за ковид-19 издадени од Република Северна Македонија ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ за ковид-19. Ова значи дека нашата земја ќе биде поврзана со системот на ЕУ и дека сертификатот за ковид-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација“, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот профил на Фејсбук.

Комисијата продолжува да работи во оваа насока со други земји надвор од Заедницата.

Фото: Freepik