ЕУ ги продолжи економските санкции на Русија до крајот на јануари

47

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија го одобрија продолжувањето на економски санкции против Русија до 31-ви јануари 2022-ра година, а формалната одлука на Европскиот совет на ниво на министри за надворешни работи ќе биде донесена на 12-ти јули.

“Амбасадорите на ЕУ ја одобрија одлуката за ново продолжување на економските санкции (против Русија). Конечната одлука треба да ја донесат министрите за надворешни работи на 12-ти јули (на планираниот состанок на Европскиот совет во Брисел)“, пренесува агенцијата ТАСС.

Економските санкции на ЕУ против Русија се продолжуваат на секои шест месеци. Европската унија во 2014 година воведе санкции против РУсија поради настаните во Украина и повторното обединување на Крим со Русија. Од тој момент, санкциите се продолжувани повеќе пати.

На некои руски претставници им е забрането да посетуваат земји од ЕУ, а нивниот имот е замрзнат. Покрај тоа, воведени се трговски, финансиски и воени ограничувања.

Како одговор на санкциите, Москва забрана увоз на храна од ЕУ.

Фото: Pexels