ЕУ ги забрани правосмукалките посилни од 1.600 вати

80

pravosmukalkaНа европските компании од вчера им е забранета продажба или увоз на правосмукалки со мотори посилни од 1.600 вати, во рамки на правилата за енергетска ефикасност.

По правосмукалките, Европската унија ќе ја разгледува и забраната за недоволно енергетски ефикасните фенови за коса, косилки за трева, паметни телефони и апарати за подготовка на кафе, пренесува Танјуг.

На пролет следната година се очекуваат нови предлози за забрана на десетина електрични апарати за домаќинство за кои се верува дека трошат премногу електрична енергија. Според актуелните закони, забраната се однесува на телевизори, машини за перење алишта, замрзнувачи и правосмукалки, додека помалите електрични уреди засега се поштедени од овие забрани.

Европскиот претставник за енергетика, Гинтер Етингер, рекол дека забраната за уредите со висока волтажа е неопходна за борбата против климатските промени.

“Сите земји од Европската унија се согласни дека енергетската ефикасност е најдобриот начин за намалување на потрошувачката на електрична енергија и подобрување на климатските услови. Поради тоа, мора да постојат ограничувања и за малите електрични апарати“, рекол Етингер.