ЕУ го одби барањето на Русија

114

Европската унија одби да плаќа гас во рубљи како као бара Русија, соопштено е денеска од Европската комисија.

Вчера беше објавена слична одлука и од страна на земјите Г7.

Групата од седумте најсилни економии во Европа, колективно одби да го плаќа  убвозот на гас од Русија во рубљи, потврди германскиот министер за енергетика, Роберт Хабек.

„Плаќањето во рубљи е неприфатливо“, рече Хабек, додавајќи дека од компаниите ќе се бара да „не подлегнуваат“ на барањето од рускиот претседател Владимир Путин изнесено минатата недела.

Европскиот економски блок, промената на условите за плаќање ја смeта како прекршување на договорот.

Путин вчера и нареди на Владата, на Централната банка и на Газпром банка да развијат неопходни методи за префрлање на сите плаќања за руски гас од страна на „непријателските змеји“ на рубљи, а рокот е 31 март.