Европската комисија ќе го одложи доставувањето на планот за воведување нова давачка за дигитални услуги, којшто беше најавен за крајот на јули, изјави портпаролот на ЕК, Даниел Фери.
Промената на одлуката доаѓа по интензивниот притисок на американската администрација, но и одредени европски претставници ја доведоа во прашање целисходноста на планираниот данок на ЕК откако претставници на 20-те најголеми светски економии постигнаа договор за глобална реформа на корпоративниот данок.
“Одлучивме да ги запреме активностите што се однесуваа на нашиот нов дигитален данок како дополнителен извор на приходи за ЕУ“, рекол Фери, додавајќи дека ситуацијата повторно ќе се проценува на есен.
ЕУ веќе со години се обидува да воведе сопствен дигитален данок и планираше тој предлог да го достави до европарламентарците до крајот на овој месец, со цел да обезбеди дополнителни приходи за финансирање на својата огромна програма за економско закрепнување од пандемијата.
Фото: Pexels