ЕУ го суспендираше увозот на руски јаглен

73

Велика Британија и ЕУ престанаа да увезуваат руски јаглен како дел од санкциите воведени поради руската војна во Украина.

Како што претходно беше истакнато во Лондон и Брисел, ова ограничување има за цел да и наштети на руската економија.

Во исто време  Велика Британија мораше да преземе доста сериозни мерки, имајќи предвид дека земјата беше значително зависна од испораките на руски јаглен, пренесува Спутник.

Според статистичките податоци за 2021 година, 48 отсто од јагленот доаѓа од увоз – 4,6 милиони тони, од кои 43 отсто се руски јаглен.

Покрај тоа, Русија е еден од најголемите извозници на јаглен во земјите на ЕУ.

Според податоците на Министерството за енергетика на Руската Федерација, Русија во 2021 година испорачала 48,7 милиони тони јаглен во земјите на ЕУ или 21,8 отсто од вкупниот извоз на оваа суровина.