
Европската унија денеска го усвои 11-тиот пакет санкции против Русија, соопшти шведското претседателство со ЕУ.
– Амбасадорите на ЕУ денеска го договорија 11-тиот пакет санкции против Русија. Санкциите вклучуваат мерки насочени кон борба против заобиколувањето на санкциите и списоци на поединци – се наведува во соопштението на шведското претседателство со ЕУ на Твитер.
ЕУ досега воведе серија остри санкции кон Русија како одговор на војната против Украина.











